Што е коензим „Q10“ и каде најмногу го има?: Нутриционистка открива прецизна листа на намирници

Точка

31/10/2024

17:47

674

Големина на фонт

а а а

Коензимот „Q10“ е антиоксиданс растворлив во масти, посилен од витаминот Е, кој учествува во генерирањето на енергијата и ги штити клетките од слободните радикали. Органите на кои енергијата им е особено важна за функционирање, како што се срцето, црниот дроб и бубрезите, имаат најголема концентрација на коензим „Q10“.

Коензимот „Q10“ природно се наоѓа во нашето тело, кој има способност за синтеза овој коензим, меѓутоа по 30-тата година, оваа способност опаѓа.


Коензимот „Q10“ може да ја зголеми апсорпцијата на други есенцијални нутриенти во телото. Коензимот „Q10“ им помага на другите ензими да ја извршуваат својата работа.

Што значи недостатокот на коензим „Q10“ за организмот?

Недостигот на коензим „Q10“ во организмот значи и помалку енергија за срцето и другите органи. Затоа е од големо значење да се консумира храна богата со коензим „Q10“, како и суплементи.


На помлада возраст потребни се само 30 mg од овој антиоксиданс, додека кај постарите и кај болните може да бидат потребни 300, 500 mg, па дури и повеќе на дневна база.

За кого прво се препорачува коензим „Q10“?

Кај лица со срцеви заболувања: (срцева слабост, аритмија, пост-инфарктни состојби, ангина пекторис), пациентите со срцеви заболувања имаат голем дефицит на овој антиоксиданс. Поради оваа причина, во претходниот половина век, тој се препорачува како безбеден лек без несакани ефекти. Досега се спроведувани бројни клинички истражувања за срцевите заболувања и употребата на овој коензим и докажано е дека „CoQ10“ е исклучително ефикасен.

За лица со дијабетес: важно е да се спомене дека земањето коензим „Q10“ го намалува нивото на шеќер во крвта, па затоа е неопходна консултација со лекар во врска со дозата на лекот.


При употреба на статини: лекови против висок холестерол (кои доведуваат до недостаток на коензим „Q10“).

На лица со луѓе со хипертензија, висок крвен притисок.

Бремени жени и доилки: им се советува да земаат и други додатоци (вклучувајќи го „Q10“) покрај оние кои им ги препорачува матичниот лекар.

Намалената концентрација на коензим „Q10“ може да доведе до дебелеење, ослабен имунитет и недостаток на енергија.

Каде сè може да се пронајде „Q10“?

Покрај суплементите „CoQ10“ кои можат да се пронајдат во секоја аптека, во продолжение и листа на природна намирници во сирова состојба и концентрацијата на „Q10“ во нив.


Притоа важно е да се спомене дека при термичка обработка, концентрацијата на „CoQ10“ може да се намали до 20%.

Говедско месо: срце

Говедско месо: црн дроб

Говедско месо: месо

Свинско: срце

Свинско: црн дроб

Пилешко: гради

Пилешко: батак

Пилешко: крилја

Сардини

Скуша

Лосос

Туна

Масло од соја


Маслиново масло

Масло од семе од грозје

Сончогледово масло

Кикиритки

Орев

Сусам

Ф’стаци

Лешник

Бадем

Магдонос

Брокула


Карфиол

Спанаќ

Авокадо

Црна рибизла

Грозје

Јагоди

Портокали

Грејпфрут

Јаболка

Банани


„Доволно е да разбереме дека суштината е во некоја средина, а тоа е да се храниме здраво, и да се надополнуваме со „Q10“ и од суплементите. Нема да рекламирам ниту еден бренд, ги има многу, а вашиот фармацевт и лекар дефинитивно можат да ви дадат повеќе совети“ – вели Јасна Вујичиќ, диететичар-нутриционист.



Спонзорирани линкови

Маркетинг