Девојка со име Катка Лапелосова, родена во Њујорк, но со словенски корени, признала дека нејзиното преселување било голема грешка.
Катка за „Business Insider“ изјавила дека отсекогаш ѝ било сон дел од својот живот да го помине во странство, а особено откако ги искусила магичните работи во Европа во текот на студирањето во Прага, после што се вратила во САД каде магистрирала англиски јазик.
Таа изјавила дека после болниот развод одлучила да го оствари својот сон и да се пресели, а тоа одлучила да биде Србија.
„Како што старееме стана јасно дека нашите вредности и она што го сакаме од заедничката иднина значително е поразлично. На крај, одлучивме да се разведеме, болна, но неопходна одлука која ни овозможи да ги создадеме нашите идеални животи одвоено. Чувствував дека имам втора шанса да ги остварам своите соништа, но подоцна таа година се преселив во Србија, иако не сакам повеќе да останам тука, благодарна сум на искуството“, изјавила Катка.
Според нејзините зборови, начинот на изразување љубов е целосно поразличен од оној на којшто навикнала.
„Излегував со луѓе од Велика Британија, Италија, Шпанија, Грција, Словачка и многу други земји и никогаш не сум имала проблем. Но, додека живеев во Србија никогаш немав врска. Моето искуство со забавување драстично се разликуваше“, изјавила Катка и додала дека Србите не ги ценат академските достигнувања.
„Во другите делови од светот мажите вообичаено се фасцинирани од мојата академска кариера и достигнувања, колку сум патувала, како и моите амбиции воопшто. Во Србија само мажите зборуваат, а кога ќе се обидам да се впуштам во разговор или ме игнорираат или велат дека премногу зборувам. Како жена од Њујорк, не сум навикната на тоа... Мажите директно ме нарекуваа дебела на состаноците, а некои соседи ми зборуваа дека би можела да најдам момче доколку ослабнам или доколку се облечам убаво. Многу ноќи ги поминав во солзи и разговарајќи со своите пријатели Срби за тоа што со мене не е во ред. Тие ме обожуваат и поддржуваат, но исто така гледаат дека не сум во состав со нивните културни стандарди и поради тоа многу ми е тешко“, открила Катка.
Катка вели дека пријателите и семејството не ја посетувале затоа што сметаат дека Белград не е привлечен ниту безбеден.
„Белград има директен лет за Њујорк каде живеат поголем дел од членовите на моето семејство и пријатели, но дестинацијата не им изгледа привлечно како Париз или Барселона. Никој не ми даде доволно силна причина да не дојде, но многу од нив Србија ја поврзуваат со негативните стереотипи како гангстери или криминалци. Некои мислат дека живеам во Сибир или Сирија“, заклучила Катка.