И покрај нивната привлечност, многу култури низ светот остануваат суеверни за црните мачки, поврзувајќи ги со лоша среќа, окултни ритуали, па дури и вештерки.
Едно од најстарите западни верувања е дека средбата со црна мачка носи лоша среќа. Во 1233 година, папата Григориј Деветти, како претставник на Католичката црква, наводно ги прогласил црните мачки за застрашувачки знак, дури и ги идентификувал со демони, пишува „Мирор“.
За жал, оваа негативна слика за црните мачки опстојува до ден-денес. Иако во некои земји, како Англија, Шкотска и Јапонија, тие се сметаат за среќни, црните мачки сепак ретко се посвојуваат. Но, постојат и други причини зошто луѓето често ги избегнуваат.
Некои експерти веруваат дека црното крзно го отежнува гледањето на изразите на лицето кај црните мачки, што може да ги направи помалку привлечни. Па се вели дека тоа може да доведе потенцијалните посвојувачи погрешно, односно негативно да ги перцепираат.Според „АФБ Пет клуб“ црните мачки се посвојуваат 50 проценти поретко од мачките со друга боја, иако тие се исто толку милени.
Сепак, организациите за посвојување миленици ги охрабруваат луѓето на посвојување на црни мачки бидејќи тие се исто толку шармантни и харизматични како и сите други мачки. Со нивното мазно црно крзно и светли очи изгледаат многу елегантно.
Исто така, експертката за благосостојба на животните Катрин Џорџ истакнува дека не постојат научни докази дека црна мачка што го преминува вашиот пат води до каква било лоша среќа. Всушност, нема ништо што покажува дека црните мачки воопшто имаат врска со лоша несреќа. Таа ги повикува сите љубители на мачки да се спротивстават на застарените верувања и да им дадат шанса на овие прекрасни животни за топол дом.