[ФОТО/ВИДЕО] Наталија работела како сиромашна келнерка кога го запознала богатиот шеик: Се оженил со неа по 7 дена, а потоа бајката се претворила во пекол

Точка

26/04/2024

16:58

7.561

Големина на фонт

а а а

Наталија Алиева од Минск преку ноќ добила сè за што сонуваат илјадници жени. Имала 19 години, работела како келнерка и едвај врзувала крај со крај. Меѓутоа, една средба целосно ѝ го променила животот.

Имено, Наталија работела во хотел, каде заработувала околу 12 евра на час, а како и многу млади жени во Источна Европа и таа водела тежок живот на маргините. Така било додека една вечер не добила задача да однесе сок од портокал во претседателскиот апартман, кој тогаш се издавал за околу 500 евра дневно.


Сето тоа би било еден обичен работен ден доколку во собата не отседнувал шеик – Саид бин Мактум Ал Мактум, тогаш 30-годишен принц и син на поранешниот владетел на Дубаи со богатство проценето на 9 милијарди евра.

Принцот тогаш бил во брак со својата прва сопруга Сухајла, со која веќе имал пет деца, но Наталија тоа не го знаела.

Се зборувало дека тоа било љубов на прв поглед, а она што особено го воодушевило е тоа што и нејзиниот татко бил од муслиманска вероисповед. Набрзо ја запросил Наталија и парот се венчал на едноставна церемонија на 27 август, помалку од еден месец од нивното запознавање.

„Не можам ништо кажам зад грбот на мојот сопруг. Саид не сака никаков публицитет. Мојот живот се претвори во бајка“, кратко коментирала пред новинарите во 2007 година.


Меѓутоа, непромисленоста ја довела во низа непријатни ситуации. А првата со која се соочила е фактот дека таа всушност е втора сопруга! Иако тоа не ѝ било по волја, сепак со сопругот заминала за Дубаи, каде се вселила во луксузна вила со повеќе од 1.000 соби и 300 бањи.

Имала приватни возачи, најскапа гардероба, скап накит … Но, се чини дека под бајковитата површина се криела тешка вистина и дека Наталија живеела и живее во некаков златен кафез.

Нејзиниот живот се превртел наопаку

Откако се преселила во Емиратите, општопознато е дека омажените жени таму повеќе не се појавуваат во јавноста. За неа се знае дека го променила своето име во Ајша и научила течно да зборува и пишува на арапски и англиски јазик.

Одредени извори тврдат дека Наталија, односно Ајша, добро се согласувала со првата сопруга на Саид, дека заедно ги носеле децата на излети и дружења и дека меѓусебно се ословувале со „сестра“. Таа и шеикот добиле две ќерки, Алија и Латифа.


Во медиумите се шпекулира дека по првичната еуфорија Наталија била шокирана од тоа што дошла во општество во кое жените се граѓани од втор ред и дека нејзините односи со Саид наеднаш се влошиле. Со текот на времето, тој наводно престанал потполно да доаѓа во палатата и да ја посетува оваа Белорусинка.

Тој, потоа, во 2015 година се оженил со третата сопруга Зиниб, гимнастичарка од Азербејџан, со која добиле три ќерки. Парот се развел во 2019 година, со тешки обвинувања од страна на Зиниб за насилство и малтретирање, а наводно во меѓувреме се развел и од првата сопруга.

Сега веќе се поминати 17 години откако Наталија стапила во брак со принцот, но за неа речиси ништо не се знае. Некои велат дека бракот со принцот е завршен, но официјална потврда нема.


Како и да е, нејзината приказна не се разликува премногу од приказната на другите европски убавици, кои жртвувале сè за да се спасат од мизеријата, не знаејќи дека животот во златен кафез е полош од сè.




Спонзорирани линкови

Маркетинг