[ВИДЕО] Научник од „Харвард“ со децении ја истражува среќата: „Три работи се заеднички за најсреќните луѓе на светот, а доколку не ги знаете одговорите на овие прашања – одлично, почнете да ги барате“

Точка

25/04/2024

19:50

5.155

Големина на фонт

а а а

Научникот Артур К. Брукс, кој предава за среќата на „Харвард“, поминал децении барајќи одговори за тоа што значи да се биде среќен и дошол до конкретни заклучоци.

Брукс објаснува дека нашата цел во животот не треба да биде постигнувањето на среќата, туку постојано тежнеење кон истата. Тој често нагласува дека среќата не е дестинација, туку насока – нешто кое треба да се следи без крајна цел на умот.

Во новата епизода од поткастот „Ten Percent Happier with Dan Harris“, експертот говорел за клучните аспекти на среќата, пренесува „CNBC“. Тој издвоил 3 работи кои најсреќните луѓе ги ставаат на прво место.


Уживање

Луѓето често претпоставуваат дека уживањето е едноставно задоволство, што не е точно, тврди Брукс. „Постојаното трчање кон искуства кои ни носат задоволство е ужасен начин да живеете исполнет живот“, зборувал тој.

Постојат искуства во кои можеме да уживаме сами, како читање книга, медитација или слушање музика, но тој предлага да се вклучиме во социјални активности како излегување на пијачка или гледање смешни видеа на социјалните мрежи со луѓе со кoи сакаме да го поминуваме времето.


Задоволство

„Задоволството е радост, наградата која ја добивате откако ќе се изборите за нешто. Ние како луѓе треба да се бориме, да тежнееме и да се жртвуваме бидејќи така всушност нешто заработуваме“, истакнал научникот.

Тој го искористил примерот за тоа како неговите студенти на „Харвард“ не би биле толку задоволни со положувањето на успешен тест доколку мамат, во споредба доколку навистина напорно работеле за да положат. „Важно е задоволството да се поврзе со вистинските награди“, објаснил тој.


Цел

Целта е чувство дека нашиот живот има смисла, објаснил Брукс. Од сите три работи, целта е онаа која најмногу треба да се искуси. Брукс вели дека постојат три компоненти на целта:

Кохерентност: Зошто нештата се случуваат онака како што се случуваат?

Цел: Зошто мојот живот се одвива на овој начин? Кои се моите цели и која е мојата насока?

Значење: Зошто е важно да сум жив/а?


Меѓутоа, на тие прашања нема точни одговори бидејќи зависат од индивидуалното искуство. Единствените погрешни одговори на овие прашања е доколку немаме одговор, што не е неуспех. „Всушност, тоа е добар исход доколку не можете да ги пронајдете одговорите бидејќи знаете што треба да започнете да барате“, заклучил Брукс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг