[ВИДЕО] Собарката во хотелот дала отказ по 27 минути откако видела како се чистат собите

Точка

30/04/2024

18:50

7.231

Големина на фонт

а а а

Тиктокерката која објавува под профилот @tallandfunny1982 раскажала како во минатото дала отказ од работа по само 27 минути работа, сето тоа поради постапките на колешката која работела со неа.

Имено, таа почнала да работи како собарка во хотел чие име не сакала да го открие, а на првиот работен ден влегла со колешката во една од собите и се шокирала како таа ја чистела собата.

Наместо метла, таа зела селотејп и со него ги собрала влакната од коса и нечистотијата од подот, а потоа ја испрскала собата со освежувач со мирис на лаванда за „побрзо да ја заврши работата“. Наместо да ги промени чаршафите, таа само со правосмукалка го поминала креветот, а искористените шолји за кафе не ги заменила, туку само ги измила и ги вратила на масата.


„Кога го видов сето тоа, без размислување си ги зедов работите и си заминав засекогаш“, објаснила тиктокерката, на која патем ова не ѝ било првпат да работи како собарка.

„И јас работам како собарка, ова е страшно“, „Поради ова посакувам никогаш повеќе да не одам во хотел“ и „Којзнае што уште би видела доколу останеше да работиш“, биле само дел од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг