Фудбалски деликатес: Неверојатниот дриблинг на Мбапе ги зачуди фановите

Дерби

25/04/2024

11:56

1.773

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе постигна два гола на гостувањето кај Лориен и потврди дека игра во врвна форма, но сепак негов најдобар потег на мечот беше еден дриблинг пред да асистира до Усман Дембеле.

Првата ѕвезда на ПСЖ го предводеше својот тим во победата од 1:4, но начинот на кој извади еден ривал од игра направи да стане вирален на социјалните мрежи.

Мбапе обично доаѓа до израз со својата брзина и нижењето на ривали на отворен простор, но вчера демонстрираше дека може да биде многу опасен на мал простор.

Килијан му продаде неверојатна финта на Натаниел Аџи од Лориен, па откако го насамари и му продаде „тунел“ на работ од шеснаесетникот, несебично додаде до својот празен соиграч.

Дембеле постигна еден од најлесните голови во својата кариера, а сите заслуги секако одат на сметка на Мбапе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг