Познатиот актер ги прифатил двата сина, но ќерката не сака да ја запознае: „Пред светот глуми совршен татко, а вистината е сосема поинаква“

Точка

23/04/2024

16:58

4.097

Големина на фонт

а а а

Познатиот актер ретко се појавува во јавноста со синовите Форд (13) и Фин (10). Во саботата тој направил исклучок на фудбалски натпревар во Лос Анџелес, но сè уште се придржува до едно „правило“ – не сака да ја запознае својата 5-годишна ќерка Лајла.

Овен Вилсон (55) го следел натпреварот помеѓу клубот од Лос Анџелес и тимот Ред Булс од Њујорк, на стадионот во Лос Анџелес, заедно со синовите, а потоа објавил видео од дружбата на Инстаграм.

Вилсон, кој во 2002 година беше номиниран за Оскар за сценариото на филмот „The Royal Tenenbaums“, енергично навивал за LAFC.

Овен Вилсон го доби синот Форд со поранешната девојка Џејд Дуел, а врската со Керолајн Линдквист која му беше личен тренер, му го донесе синот Фин. Овен ја има и ќерката Лајла со неговата поранешна партнерка Варуни Вонгсвиратс.

Во 2017 година, Вилсон зборуваше за своите синови во шоуто на Елен Деџенерис: „Понекогаш чувствувам дека веќе можам да видам какви ќе бидат како тинејџери, кога ќе се здружат против мене“. Во интервју за „Esquire“ во 2021 година, тој напомена дека живее со двата сина и дека сите се сложуваат, бидејќи ја презел улогата на самохран татко.


Два месеци подоцна, Варуни изјави за „Daily Mail“ дека Вилсон никогаш не ја запознал нивната ќерка и дека немал никаков контакт со девојчето.

„За жал, тој никогаш не ја запозна“, рекла таа додека во 2019 година преку истиот медиум го замолила актерот да биде со неговата ќерка. Таа рече дека иако тој ѝ помага финансиски (ѝ исплаќа 25.000 долари месечно како алиментација), никогаш не е со своето дете.

„На Лајла ѝ е потребен татко. Иронично е како Вилсон постојано ги добива оние улоги на татко... а никогаш не ја запознал својата ќерка“, заклучила таа.

Овен Вилсон често го игра совршениот татко на големото платно, а во приватниот живот се одигрува вакво сценарио. Дали приказната ќе има поинаков тек?



Спонзорирани линкови

Маркетинг