Прекината семејна традиција: Принцот Луис денеска полни шест години, а еден обичај Кејт Мидлтон овој пат ќе изостави

Точка

23/04/2024

14:36

3.864

Големина на фонт

а а а

Тоа што оваа година привлекува внимание е дека принцезата Кејт нема да се огласи на полноќ и да се пресече парче торта, како што тоа инаку го правела претходните години кога некое нејзино дете му е роденден.

Луис е четвртиот во редот за тронот, по таткото Вилијам, братот Џорџ и сестрата Шарлот.

Принцот Луис, роден како Луис Артур Чарлс, денеска полни шест години.

Оваа година роденденот ќе биде во нешто поинаков стил и ќе се разликува од претходните години.

Тоа што оваа година привлекува внимание е дека принцезата Кејт нема да се огласи на полноќ и да се пресече парче торта, како што тоа инаку го правела претходните години кога некое нејзино дете му е роденден.

„Сакам да правам торта. Стана традиција да останам будна до полноќ во кујната, окружена со мешавина за торти и глазура, бидејќи обично правам премногу“, рекла Кејт, гостувајќи во една емисија заедно со сопругот Вилијам, пренесува „Instyle“.

Друга работа, тоа што почитувачите на кралското семејство го обожуваат, е семејниот портрет во знак на одбележување на роденденот. Самата Кејт ги правела тие слики како одраз на нејзината љубов кон фотографијата, но по „испадите“ во минатиот период со фотошопот на нејзините фотографии, можеби ќе дојде до промени. Фановите на кралското семејство се надеваат дека во текот на денот ќе бидат објавени некои фотографии.

Принцот Луис е последен пат бил виден за Божиќ, кога кралското семејство традиционално свечено се појавило на имотот во Сандрингем за да ја посети црквата. Тоа воедно било и последното појавување и неговата мајка Кејт како и братот Џорџ и сестрата Шарлот.

Тој е четвртиот во ред за тронот, после таткото Вилијам, братот Џорџ и сестрата Шарлот. Крстен е од страна на надбискупот на Кентербери во палатата Сент Џејмс.


Минатите неколку месеци биле период полн со настани за принцот и принцезата од Велс и нивното семејство, поради дијагнозата на рак на Кејт, која уследила откако кралот Чарлс ја открил својата дијагноза, порано оваа година.

Вилијам и Кејт одвоиле време со децата внимателно да го споделат позитивниот тест на рак на идната кралица, давајќи им време да ги обработат информациите, пред парот да и открие на јавноста.

Извор од кралското семејство минатиот месец, насред шпекулациите за тоа дали парот ќе го одбележи роденденот на Луис или не, рекол дека Вилијам и Кејт ја ценат љубовта и наклонетоста на јавноста кон нивните деца и знаат дека постои желба на јавноста да ги видат на нивните родендени.

Меѓутоа, забележано е дека не е донесена никаква цврста одлука.




Спонзорирани линкови

Маркетинг