„Дрогата се служеше на послужавници“: Славната актерка открила дека член на кралското семејство ја поканил на оргија, а дала 3 назнаки за кого станува збор

Точка

23/04/2024

13:12

8.309

Големина на фонт

а а а

Актерката Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргија каде се служела дрога, а забавата била организирана во домот на американски технолошки милијардер. Таа дала три индиции за тоа кој ѝ упатил таква покана и ја заинтригира светската јавност.

Ребел Вилсон не ја именувала таа личност, но дала три индиции: тој е маж, тоа се случило во 2014 година и тој бил „15-ти или 12-ти во редот за британскиот престол“.

Актерката ги открила шокантните детали во неодамна објавените мемоари „Rebel Rising“, каде што пишува дека во последен момент добила покана за забава од член на кралското семејство кој му рекол на пријател: „Нѝ требаат уште девојки“.


Таа си помислила: „Каква совршена можност да пронајдам момче“. Како што пишува во книгата, тоа била забава со средновековна тема, одржана на изнајмен ранч во близина на Лос Анџелес.

Актерката ја опишала вечерта како „луда забава со акробати и оган“. Таа вечер зборувала со милијардер чие име исто така не го открила, но тој не предизвикал никаков интерес кај неа. Дел од оргијата била и трка со коњи и базен преполн со девојки облечени како сирени. Поради пространата куќа и изолираната локација, на гостите им биле доделени соби за преноќување.


Актерката навела дека таму видела малолетен член на британскиот двор и дрога која отворено се служела на послужавници. „Гледам член на британското кралско семејство кој е збунет додека постојано ги кревам градите. Тие се мојот најдобар физички адут“, навела Вилсон.

Таа додала дека по раскошниот огномет се појавил уште еден неименуван маж со чинија во која имало нешто што личело на бонбони, но всушност била дрога - МДМА. Прашала за што служи, а тој ѝ рекол: „Ох, тоа е за оргии... оргиите обично почнуваат со тие работи отприлика во ова време“.

Вилсон пишува дека во тоа време била девица и дека не можела да се ослободи од чувството дека забавата можеби била снимена со скриени камери.

„Непотребно е да се каже дека го подигнав мојот фустан и истрчав од таму најбрзо што можев“, порачала таа.


Ребел, која наскоро треба да пристигне во Британија за да ја промовира својата книга, тврди дека во исто време ѝ биле понудени 2 милиони долари да помине викенд со јордански принц, пишува „Daily Mail“.

Таа вели дека се распрашала низ индустријата за тоа што подразбира таквата понуда и ѝ било кажано дека се очекува од неа да спие со принцот во одреден момент.

Во коментари луѓето истакнуваат дека во 2014 година 12-та или 15-та во редот за круната била жена, многумина ја критикуваат актерката што не кажала за кого станува збор, но и дека тоа е нејзиниот начин да привлече уште поголемо медиумско внимание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг