[ФОТО] Славниот рапер прослави 16 години трезност, фановите му честитаат: „Ти си пример за другите“

Точка

22/04/2024

16:00

2.115

Големина на фонт

а а а

Славниот рапер Еминем се огласи на Инстаграм за да прослави важна годишнина во неговиот живот - 16 години трезност.

Еминем сподели фотографија од монета со бројот 16 на која се наоѓаат зборовите „единство“, „услуга“ и „закрепнување“, кои ја симболизираат неговата постојана посветеност на трезниот начин на живот. Многумина во коментари му честитаа на славниот рапер за успехот. „Толку сум горд на тебе“, „Ова е голема работа. Ти честитам што си пример за другите“, „Најголемо влијание и ментор“, му напишале тие.

Патувањето на Еминем до трезноста започнало со ужасен повик за будење. Имено, во 2007 година тој речиси смртоносно се предозирал, што подоцна го опишал како клучниот момент кој го поттикнал да побара помош. Во екот на својата зависност, тој признал дека консумирал и до 20 таблети дневно.

Смета дека физичката подготвеност одиграла важна улога во закрепнувањето

Говорејќи за „New York Times“ во 2011 година, Еминем детално ја опиша својата борба со зависноста, откривајќи дека насловот на албумот „Recovery“ е директна референца за неговата борба со супстанции како што се Викодин, Валиум и Амбиен. Тој несвесно земал и метадон, лекот што го довел до предозирање.

„Кога првпат се отрезнив и сите ср*ња беа надвор од мојот систем, се сеќавам дека бев многу среќен и сè повторно ми беше е*ено ново“, рече тој за време на појавувањето во поткастот на Пол Розенберг во 2022 година. Во интервју за „Men's Journal“ во 2015 година, раперот ја истакнал улогата која неговата физичка подготвеност ја одиграла во неговото закрепнување.

„Кога излегов од рехабилитација, требаше да ослабам, но требаше и да најдам начин да функционирам трезен. Имав проблеми со спиењето, па почнав да трчам. Тоа ми даде природно висок ендорфин, но исто така ми помогна да спијам, така што беше совршено“, изјави тој за магазинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг