[ВИДЕО] Фудбалерот на Реал во шок поради Гвардиола! Еве што направил Пеп во текот на интервјуто

Точка

18/04/2024

16:34

3.776

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, според зборовите на фудбалерот на Реал Мадрид Родриго, „се ѕверел“ во него додека овој давал интервју по натпреварот.

Интересна ситуација се случила по драматичниот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампиони, кој по пенал серијата во своја корист го реши Реал Мадрид.

Имено, единствен стрелец за мадриѓаните во текот на играта беше Бразилецот Родриго, кој останал шокиран додека давал изјава по големата победа.

Гвардиола во тој момент минал покрај него, а одличниот фудбалер и кажал на водителката:

„Само што мина Пеп и „се ѕвереше“ во мене“, по што двајцата почнале да се смеат.

Пеколна борба се водеше 120 минути на Итихад, а на крајот победникот мораше да се одлучи по пеналите. Повеќе среќа на рулетот имаше најтрофејниот европски клуб, а апсолутен јунак беше голманот Андреј Лунин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг