[ВИДЕО] Поранешен премиерлигашки голман: Нојер погреши при првиот гол на Реал

Дерби

01/05/2024

08:57

2.863

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен не успеа да стигне до предност во пресрет на реваншот со Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите, а резултатот 2:2 е најава за уште повозбудлив реванш на „Бернабеу“.

Резултатот на првиот натпревар беше отворен од гостите, кои во првото полувреме искористија голем простор во половината на Баерн, па асистенцијата на Крос беше клучна за лесната реализација на Винисиус.

Сепак, поранешниот ирски голман Шеј Гивен во својот коментар за натпреварот истакнал дека Мануел Нојер сноси дел од одговорноста за првиот гол на Реал.

– Знаеме дека Нојер е познат како голман кој сака да игра со топката, секогаш е излезен повисоко. Во ситуацијата со првиот гол, тој мораше да биде барем на единаесет метри.

– Не знам дали пиел вода или едноставно загубил концентрација, но не се наоѓаше на добра позиција. Мораше да биде барем кај пенал позицијата, ако беше таму сигурно лесно ќе ја собереше или исфрлеше оваа топка.

– Нојер е фантастичен голман, но кога ќе го гледа видеото, сам ќе сфати дека морал да биде понапред на теренот, – рекол поранешниот голман на неколку премиерлигаши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг