[ФОТО] Канје и Бјанка се непристојни до невидени размери: Дошле во Дизниленд, а нејзината гардероба повторно предизвика реакции

Точка

18/04/2024

15:07

7.791

Големина на фонт

а а а

Контроверзниот рапер и дизајнер Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Ценсори, го посетиле Дизниленд и било речиси невозможно да не предизвикаат лавина критики поради својот стил или модниот невкус.

Вниманието најмногу го привлекло нејзиното модно издание, особено тоа што одела „боса“ иако многумина го забележале необичниот детаљ на нејзините стапала, налик на „получорапи“ со отворени прсти.


Канје бил „пообично“ облечен од својата сопруга Бјанка. Нејзиното модно издание е крајно невкусно, налик на краток комбинезон и ткаенина која е „залепена“ над него.

„Да одиш бос по Дизниленд е лудо“, „Некој од нас да дошол вака облечен во Дизниленд, веднаш би бил исфрлен“, „Дизниленд е место за семејни собири, а ваквите стајлинзи не се соодветни“, „Исклучително непристојно“, биле само дел од коментарите на јавноста.

Многумина мислат дека Канје целосно го одредува стилот на облекување на неговата сопруга во јавноста, а такво мислење имаат и нејзините пријатели и семејство, но треба да се каже дека Бјанка претходно работела во неговиот моден бренд на истакната позиција.

Нејзиното модно издание е налик на креациите на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан, односно брендот „SKIMS“.

Бјанка сѐ поотворено почнува да личи на старата Ким и нејзините модни манири, а со оглед на тоа што тие две се во добри односи, тоа сигурно повеќе не е случајност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг