Анчелоти откри каква порака добил од Пеп по крајот на пенал рулетот: Сите не прогласија за мртви, но…

Дерби

18/04/2024

10:54

970

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид се предодреди да го брани својот гол откако Родриго погоди за 0:1 на „Итихад“ во 12-та минута, а таквиот план на Карло Анчелоти вроди со плод, иако на крајот беа играни продолженија, но и пенал рулет.

„Кралевите“ ја научија лекцијата од минатата сезона и не се отворија во дуелот со актуелниот европски првак, па така претпазливата игра им носеше резултат за полуфинале до 76-та минута кога погоди Кевин Де Брујне.

Голот на Белгиецот беше најава за завршниот притисок на „граѓаните“, но Реал успеа да се одбрани до крајот, но и во дополнителните 30 минути игра. Како по обичај, во пенал рулетот подобар беше тимот кој имаше намера да го сочува својот гол, па гостите од Мадрид победија со 4:3 и се пласираа во полуфиналето.

Веднаш по завршните сцени и голот на Ридигер, играчите на Реал почнаа да ја слават победата, а Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола се прегрнаа и си честитаа како големи џентлмени.

– Пеналите се коцка, но имав верба во моите играчи. Тие беа уверени дека ќе победат, Лунин ни велеше дека ќе одбрани некој пенал. На крајот се испадна добро за нас. Шутиравме многу добри пенали и најмногу ме изненади Ридигер. Моравме да страдаме и да се бориме како тим за да стигнеме до пенали, само така може да се победи овој тим на Манчестер Сити.

– Гвардиола? Ми честиташе за пласманот во полуфинале и ни посака среќа. Тој е вистински господин, исто како што е и неговиот клуб. Манчестер Сити е господски клуб. Сега треба да преспиеме и потоа да мислиме на она што следи. Направивме нешто многу убаво, цел свет не прогласи за мртви, но Реал Мадрид никогаш не умира, – порача Анчелоти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг