Британската актерка проговорила за вознемирувачкото искуство од снимањето на „Friends“

Точка

16/04/2024

21:47

3.862

Големина на фонт

а а а

Оливија Вилијамс, која ја играше Камила Паркер во серијата „The Crown“ на „Netflix“, проговори за вознемирувачкото искуство од снимањето на популарната серија „Friends“, пренесува „Variety“.

Вилијамс се појави во дводелната епизода од четвртата сезона на серијата наречена „The One With Ross's Wedding“, во која ја играше деверицата Фелисити.

Епизодата ја прикажува венчавката на Рос и Емили во Лондон, која е уништена откако Рос случајно го изговорува името на Рејчел пред олтарот. Фелисити е деверицата која го привлекува вниманието на Џои.

Оливија изјавила дека не ѝ се допаѓал начинот на кој продуцентите се однесувале кон актерите. За време на снимањето, таа запознала угледна постара актерка која решила да го напушти снимањето откако еден од продуцентите ѝ се развикал.

„Исто така, „Friends “ беше бренд и мораше да се вклопите во тој бренд“, додала Вилијамс. „Кога доаѓате за шминка и фризура, тие ви велат: „Ова е изгледот што го сакаме“. Тоа вклучуваше кубење на целите мои веѓи, буквално морав да ги молам да не ми ги кубат веѓите бидејќи можеби ќе ми требаат за друга работа. Поради тоа целото искуство ми беше вознемирувачко“.


Оливија исто така се пошегувала дека е премногу отворена за нејзините искуства на снимањата. „Можеби би добивала повеќе проекти ако молчам. Можно е да сум на некоја црна листа на актери, не знам“, вели таа.

Британската актерка наскоро ќе се појави во серијата „Dune: The Sisterhood“, која е дел од серијалот „Dune“, на која работел Денис Вилнев. Дејството на серијата е сместено десет илјади години пред настаните во филмовите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг