[ФОТО] Погребан Роберто Кавали: Последното испраќање ги обедини неговите поранешни сопруги и децата, тажни сцени од Фиренца

Точка

15/04/2024

19:56

9.209

Големина на фонт

а а а

Познатиот дизајнер Роберто Кавали денеска беше погребан во Фиренца, неговиот роден град, каде што почина на 12-ти април на 83-годишна возраст, по долго боледување.

Последното испраќање го обедини неговото семејство, неговите пет постари наследници и поранешната сопруга и партнерка Сандра Нилсон со која доби син во 2023 година. Со легендарниот креатор се збогуваа и познати личности од Италија, а по службата во црква, ковчегот со телото бил пренесен во автомобилот на погребната служба. Кавали беше испратен со солзи и аплаузи.


На погребот присуствувала и Ева Марија, поранешната сопруга на Роберто Кавали, со која тој имаше три деца и кои се занимаваат со моден дизајн. Сите негови наследници од вториот брак присуствувале на последното испраќање на нивниот татко, кој ја одбележа историјата на светската мода.

Синот Робин не се одвојувал од мајка си Ева, Даниеле стоел настрана, додека Ракеле не можела да ги запре солзите.


Да потсетиме, бракот на Роберто Кавали и неговата втора сопруга траеше од 1980 до 2010 година. Четири години по разводот, тој започна врска со шведската манекенка Сандра Нилсон, која е 46 години помлада од него и со која остана до смртта.

Врската беше пропратена со одредени контроверзии и критики. Сандра на трогателен начин се простила од партнерот бакнувајќи го ковчегот со неговото тело.


Забележано е и дека таа е блиска со одредени членови на семејството на Роберто Кавали. На погребот присуствувала и Кристијана Кавали, неговата најстара ќерка, која неверојатно личи на својот татко и која, како и нејзините полубраќа и полусестра, е посветена на модниот дизајн. Од својот татко се прости и нејзиниот брат Томазо, кој исклучително ретко се гледа во јавноста и кој се занимава со производство на вино.

Во извештаите од погребот се наведува дека на погребот била присутна и Силванела Џанони, првата сопруга на Кавали, со која тој бил во брак од 1964 до 1974 година. Мајката на Кристијана и Томазо Кавали досега не се појавила во јавноста, односно нема достапни фотографии од неа.





Спонзорирани линкови

Маркетинг