[ВИДЕО] Познатиот британски пејач ја искритикува публиката на Коачела: „Никогаш повеќе нема да нè видите тука“

Точка

15/04/2024

19:11

2.842

Големина на фонт

а а а

Дејмон Албарн од „Blur“ ја разбесни публиката на фестивалот Коачела откако порача дека никогаш повеќе нема да се врати.

Дејмон вербално ја нападнал публиката на Коачела додека обожавателите ги нарекле посетителите на фестивалот „срамни“ по нивната апатична реакција за време на настапот на бендот, пишува „Daily Mail“.

Познатиот бенд свирел сет од 13 песни на музичкиот фестивал во Калифорнија, вклучувајќи и класици од 90-те. Сепак, публиката не била воодушевена од нивниот настап, а апатијата станала очигледна и кај бендот. Може да се види дека Албарн изгледа сè поизнервирано додека неуспешно се обидува да стапи во контакт со публиката.

Музичарот постојано се обидувал да ги натера сите да пеат заедно со рефрените. Тој исфрустрирано изјавил дека бендот нема да се врати на фестивалот, велејќи: „Никогаш повеќе нема да нè видите“.

Видеата од настапот на „Blur“ набрзо се проширија на социјалните мрежи, а многу фанови ја критикувале публиката на Коачела дека има „најлоши вибрации“.

„Америка, не го заслужуваш Дејмон Албарн, не ги заслужуваш ‘Blur’“, „Коачело, не заслужуваш да те краси присуството на ‘Blur’“, „Всушност се чувствувам лошо за нив, тие заслужуваат подобро“, се некои од коментарите.

Се верува дека проблемот е во тоа што публиката на фестивалот е многу помлада, а споменатиот бенд беше познат во 90-те години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг