Познатата пејачка доживеала 3 мозочни удари и инфаркт: Лекарите ѝ давале 10 минути живот, но закрепна и наскоро ќе стапне на „лудиот камен“

Точка

14/04/2024

11:40

16.086

Големина на фонт

а а а

Во декември минатата година, познатата пејачка Деми Ловато по една година врска се вери со музичарот Џутс. Оваа музичка ѕвезда доживеа многу тешки животни моменти. Таа ги преживеа сите предизвици и сега продолжува со својот нов живот, а убавиот пресврт ги израдува нејзините фанови.

Деми Ловато и музичарот чие вистинско име е Џордан Лутс ја објавија веста во декември. Тој ѝ подарил огромен дијамантски прстен, а парот изгледал многу среќно додека позирал во црни модни изданија.


Како што пишува „People“, Деми и нејзиниот вереник по запросувањето отишле во ресторан во Лос Анџелес за да го прослават овој интимен настан со семејството и пријателите.


Пејачката и актерка го достигна нивото на светска популарност, а потоа раскажа низа вознемирувачки детали од нејзиниот живот, меѓу кои и фактот дека како тинејџерка била жртва на силување и дека на тој начин ја изгубила невиноста. Сè се случило додека таа работела за Дизни, сторителот на насилството е од светот на филмот, но неговото име не го открила.

Во 2021 година, Ловато во документарната серија „Dancing With The Devil“ откри што ѝ се случило откако се предозирала во 2018 година.

„Имав три мозочни удари, имав срцев удар. Лекарите тогаш рекоа дека имам уште 5 до 10 минути живот“, вели таа во документарецот, во кој нејзината пријателка вели: „Дали зборуваме за хероин. Дали за тоа зборуваме?“.


Се верува дека Деми се предозирала токму со овој вид на дрога. Таа во документарната серија се споредува со мачка бидејќи многу пати преживеала.

Ловато за последиците од она што го доживеала рече:

„Имам оштетување на мозокот и денес се борам со последиците. Не возам автомобил затоа што имам проблеми со видот, имам тешкотии со читањето..“.

„Поминав граница која претходно не сум ја поминала“, го прокоментирала таа предозирањето со наркотици.

„Поминаа две години откако се соочив со најтемната точка во мојот живот, но сега сум подготвена да ја споделам приказната со светот. За првпат ќе можете да видите, од моја гледна точка, како се одвиваше мојата борба и трајно исцелување. Благодарна сум што успеав да го поминам ова патување, да се соочам со минатото и конечно да го споделам со светот“, рече таа во најавата за документарниот филм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг