Меган Маркл има два услови за смирување со кралското семејство: Тоа што го бара многумина го сметаат за дрско

Точка

13/04/2024

17:16

8.265

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл наводно сѐ уште чека извинување од кралското семејство пред да се согласи да го следи принцот Хари во Обединетото Кралство.

Се појавиле сомнежи дали војвотката ќе го придружува својот сопруг во Лондон во текот на посетата во мај.

Кралскиот извор Том Квин верува дека војвотката од Сасекс не е за целосно планирано „смирување“ со монархијата и тоа четири години откако таа и сопругот заминале во САД.


„Хари би сакал да се смират, но во целост ја поддржува својата сопруга и сè додека таа не чувствува дека кралското семејство било доволно добро кон неа и додека не ѝ се извинат за минатото, тоа нема да се случи“, изјавил тој.

„Хари и Меган навистина чувствуваат дека треба да дадат шанса, но чувството на Меган на незадоволство сѐ уште спречува тоа нешто навистина да се случи“.

Војвотката од Сасекс наводно сака извинување за тоа како кралското семејство се однесувале кон неа, а чие однесување не ѝ се допаднало. Таа смета дека тие влијаеле на нејзиното ментално здравје и дека постарите членови од семејството се расправале за бојата на кожа на принцот Арчи.


За тоа Меган говорела и во интервјуто кај Опра Винфри, а и во документарецот, па поради тоа чувствува дека ѝ должат извинување.

Се верува дека кралот Чарлс се допишувал со војвотката од Сасекс по пат на писма откако ги изнела обвиненијата за расната нетолеранција на монархијата, но таа го одбила и повикот на крунисувањето на својот свекор минатиот мај.


Хари наводно едвај чека сопругата и нивните две деца да го придружат во Лондон за да можат да се поправат односите со кралот и својот брат, принцот Вилијам.

„Хари би сакал Арчи и Лилибет да имаат подобар однос со своите роднини“, изјавил изворот за „Daily Express“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг