Што прави Моника Белучи со момчето кога мисли дека никој не ги гледа? Фотографии поради кои Тим Бартон го нарекоа најсреќниот човек на светот

Точка

13/04/2024

15:53

8.525

Големина на фонт

а а а

Актерката и режисерот биле видени во текот на романтичниот ручек, а покрај прстенот којшто заблескал на раката на Моника и за кој сѐ уште не знаеме дали значи нешто посебно, се зборува и за тоа дека парот ужива кога се сами.

Италијанската актерка Моника Белучи пред неколку денови присуствувала на претставувањето на проектот „The Big Picture“ во Лас Вегас каде била во друштво на популарниот режисер Тим Бартон со кој веќе подолго време е во врска.


Веднаш потоа парот се упатил во Европа, а папарацо фотографите успеале да ги фатат во текот на романтичниот ручек во италијански Калкати каде уживале опкружени со зеленило.

Тие постојано разговарале, а повремено и се насмевнувале, а во еден момент наздравиле, па се бакнале.

Режисерот и една од најубавите жени во историјата на филмот разменувале бакнежи пред сите, а огнената Италијанка го прегрнала партнерот.

Притоа на левата рака забележлив бил прстенот којшто го носела Моника, па веднаш започнале шпекулациите дека режисерот ја запросил.


Да ве потсетиме, за љубовта меѓу Моника и Тим дознавме кон крајот на 2022 година, а тие истата ја потврдија во февруари 2023 година кога првпат биле фатени како страсно се бакнуваат на улица.

Од тогаш во повеќе наврати се појавувале заедно како пар на црвениот тепих, а тие едноставно блескаат во секоја прилика.

Италијанската филмска ѕвезда и американскиот режисер се запознале на Канскиот фестивал пред 17 години, а потоа повторно се сретнале на Филмскиот фестивал „Лимиер“ во Лион во 2022 година. Тогаш актерката му ја врачила наградата за животно дело на Бартон, а наводно баш во текот на тие денови се заљубиле еден во друг.

„Никогаш во текот на својот живот не сум почувствувал толку љубов како вечерва“, изјавил Тим во текот на својот говор, па додал: „Добредојдовте на мојот најдобар погреб досега“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг