Ова моментално е втората најгледана серија на „Netflix“, ја престигна и „The Gentlemen“

Точка

29/03/2024

11:59

2.836

Големина на фонт

а а а

На „Netflix“ пред два дена пристигна документарната серија „Testament: The Story of Moses“, во режија на Бенџамин Рос. Серијата се состои од три епизоди, а наратор е Чарлс Денс, ѕвезда од „Game of Thrones“.

„Testament: The Story of Moses“ го истражува животот на Мојсеј од неговото изгнанство до трансформацијата во пророк и ослободител.

Серијата содржи интервјуа со академици од разни подрачја кои веруваат дека приказната на Мојсеј е важна за денешното време.

„Секој дел од неговиот живот, неговите предизвици, тоа низ што минувал и што направил – не постои ниеден дел од тоа а да не е релевантен и денес“, изјавил рабинот Шломо Еинхорн во првата епизода.

„Забележувате ли кога луѓето патат? Им помагате или молчите? Социјалната правда започна со Мојсеј“, додал тој.


Мојсеј во серијата го глуми Ави Азулаи, а покрај него се појавуваат и Доминик Џејд Типер, Мехмет Куртулус, Ишаи Голан, Рејмонде Амселем, Тулај Гунал, Мелис Улаш, Оберон К. А Адјепонг, Емре Алп Торун и Чем Емулер.

Серијата „Testament: The Story of Moses“ брзо го престигна хитот „The Gentlemen“ на „Netflix“, и моментално се наоѓа на второто место на гледаност во светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг