Д. Врњарчевски со хет-трик го водеше Матрикс до победа во натпреварот со Леар

Точка

29/03/2024

09:58

10.239

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Д. Врњарчевски со хет-трик го водеше Матрикс до победа во натпреварот со Леар

Матрикс 6-3(2-0) Леар

Матрикс: Драган Врњарчевски 3” 10” 37”, Тони Врњарчевски 27”, Антонијо Богдановски 34”, Предраг Стојмировиќ 35”

Леар: Марјан Ѓорѓиевски 22”, Златко Смилевски 23”, Стефан Златевски 32”,

Дуелот помеѓу Матрикс и Леар прва го отвори екипата на Матрикс во раната фаза од натпреварот 3” преку Д. Врњарчевски. Матрикс имаше одлична поставеснот во играта, пред се во делот на нападот каде што со прецизни додавање и втрчувања во празен простор успеваа да дојдат до отворен удар кон противничкиот гол. Д. Врњарчевски имаше своја вечер па во 10” му донесе предност на својот тим од 2-0, резултат со кој се отиде на полувремето. Екипата на Леар одлично го започна второто полувреме и преку дуото Ѓорѓиевски-Смилевски успеа да го израмни резултатот на 2-2, но Матрик не дозволуваше Леар да премине во водство па преку Т. Врњарчевски поведе со 3-2. Екипата на Леар успеа преку Златевски да израмни на 3-3, во втората фаза од второто полувремем, но екипата на Матрикс продолжи да ја игра својата препознатлива игра и пред се со колективна игра и подршка од клупата успеа да остане фокусирана во натпреварот и од минута во минута да го зголемува водството за конешни 6-3.

Во фер плеј натпревар Халк Банка славеше над А1

А1 1-7(0-5) Халк Банка

А1: Јовица Наумовски 30”

Халк Банка: Самир Вели 1”, Алпер Тахир 3” 7”, Ерсим Тахир 10” 11”, Дарко Крстевски 24”, Филип Илиевски лиевски 35”

Крајно фер плеј натпревар одиграа екипите на А1 и Халк Банка. Во текот на првото полувреме екипата на Халк Банка ја имаше иницијативата и со одлична поставеност во делот на нападато доаѓаше до изгледни шанси за гол. На сето ова кога ќе се додаде и одличната реализација, резултатскиот имератив беше неизбежен. Екипата на А1 со чести замени и долгиот ростер се обидуваше да го запре налетот на Халк Банка, но не успеа во тоа па на полувремето Халк Банка замина со предност од 0-5.

Во второто полувреме екипата на А1 целосно ја смени тактиката и полувремето го започна со голман играч како би можеле да обезбедат играч плус во делот на нападот. Оваа тактика делумно вроди со плод, но не целосно бидејќи А1 не можеше да ја стигне негативата од првото полувреме. Овој дуеал го обележа падот на концентрацијата кај двајцата арбитри, Стефков и Димитиевиќ кој не беа на ниво на задачата. Екипата на Халк Банк славеше во овој дуел со 1-7.

Во инфаркт завршница Фабрика Карпош – ГИМ славеше над Аџибадем Систина

Фабрика Карпош - ГИМ 4-2(2-0) Аџибадем Систина

Фабрика Карпош - ГИМ: Филип Илиевски 1” 25”, Бобан Јоноски 5”, Лазар Божиновски 39”

Аџибадем Систина: Ивица Петровски 30”, Кристијан Димковски 37”

Дуелот помеѓу екипите на Фабрика Карпош – ГИМ Аџибадем Систина започна со цврста одбрана која беше на ивица на фаул во секој од дуелите на двете страни. Во ваквата агресивна игра тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. Прва до погодок дојде екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Илиевски во 1”, на кој му се приклучи и Јоноски по успешно реализиран пенал во 5”. Кај екипата на Аџибадем Систина изостана реализацијата па Фабрика Карпош – ГИМ на полувремето замина со водство од 2-0.

Во второто полувреме епипата на Фабрика Карпош – ГИМ одлично започна и во 25” од контра напад преку Илиевски го зголеми водството на 3-0. Екипата на Аџибадем Систина во својте редови внесе голман-играч како би се вратила во натпреварот. Со ваквата поставеност Аџибадем Систина преку Петровски 30” и Димковски 37” успеа да намали на 3-2. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ не дозволи изненадување па во самиот финиш преку Божиновски 39” поведе со 4-2, резултат со кој завржи овој натпревар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг