[ВИДЕО] Ирански ММА борец удрил ринг-девојка! Потоа добил ќотек и во кафезот и надвор од него

Точка

23/04/2024

16:49

9.126

Големина на фонт

а а а

Минатиот петок во Москва се одржал голем ММА евент во организација на „HFC“ (Hard Fighting Championship). Но, борбата меѓу Иранецот Али Хебаити и Ерменецот Аркадиј Осипјан имала многу необична увертира, а за малку и многу погубен крај. Резимето од борбата е дека Хебаити добил доживотна суспензија во наведената организација.

Се почнало кога една од девојките кои ја најавуваат рундата, по име Марија, влегла во рингот пред почетокот на мечот. Извела мала кореографија која не му се допаднала на иранскиот борец. Во моментот кога минувала покрај него, тој ја клоцнал со нога во задникот, поради што бил опоменат и од главниот судија на мечот.

Иранецот изгубил па продолжил да дивее

Хебаити не се покажал одлично во своето ММА деби, па противникот го поразил со технички нокаут по четири минути и 25 секунди. Но, лудилото на Иранецот тогаш започнало. Пред прогласувањето на победникот неколку пати го нападнал Осипјан од зад грб и му задал неколку удари додека овој не гледал.

После тоа имал кратко интервју во кафезот, а во еден момент фрлил „хај-кик“ кон еден од коментаторите на мечот. За среќа, не го погодил. Ништо од тоа не и се допаднало на публиката и неколку луѓе го нападнале додека заминувал кон соблекувалната. Изгледало дека тепачката ќе ескалира, но на крајот Хебаити поминал добро.

После се и се извинил на Марија на социјалните мрежи. „Не се однесував добро кон Марија. Причината е дека пред борбата имаше неколку тепачки, бев многу нервозен и само сакав борбата да започне. Сакам јавно да ѝ се извинам. Оженет сум и ги ценам жените. Таа само си ја работеше својата работа, а после борбата не ја признав веднаш мојата грешка, бидејќи ме удрија во глава“, порачал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг