[ФОТО] Парис е прекрасна, а синовите непрепознатливи: Како изгледаат денес децата на Мајкл Џексон?

Точка

28/03/2024

20:13

4.759

Големина на фонт

а а а

Трите деца на Мајкл Џексон ретко се појавуваат заедно во јавноста, но сега биле фотографирани во Лондон.

Кралот на поп музиката Мајкл Џексон, имал три деца: Парис, Принц и Бланкет, односно Биги, а нив ретко можеме да ги забележиме во јавноста. Сепак, тие сега се појавиле заедно на црвениот тепих по повод изведувањето на мјузиклот посветен на нивниот татко во Лондон.


Парис, Принц и Биги водат една заедничка битка, а на соперничка страна се наоѓа нивната баба. Кетрин Џексон води правна битка со своите внуци околу наследството на кралот на поп музиката, а моментално не се наѕира крајот на нивниот конфликт.

Меѓутоа, делува дека браќата и сестрите се во добри односи. Овојпат Принц и Биги носеле црни одела, а Парис блеснала во фустан со боја на бакар.

Триото ретко се појавува заедно, а тоа го направиле една седмица откако Биги поднел барање на нивната баба Кетрин да ѝ се забрани да ги користи парите од наследството на Мајкл за да ги финансира своите правни битки.

Инаку, Биги во 2002 година го родила сурогат мајка, а Принц и Парис пејачот ги добил со поранешната сопруга Деби Роу.


Биги исто така било детето на Мајкл кое „висело“ на терасата на бизарните фотографии кои своевремено го шокирале светот. Кога имало само 9 месеци, Мајкл го покажал своето бебе пред собраните луѓе пред терасата на хотелот во Берлин каде престојувал, а фотографиите на кои го држи бебето со една рака предизвикале контроверзии.


Парис е родена во 1998 година, а уште тогаш била во центар на внимание на светската јавност поради татковата слава. Кога тој починал , девојчето имало само 11 години, а мајка ѝ Деби Роу ја запознала кога имала 13 години и тврди дека денес имаат квалитетен однос.

Што ѝ рекол Мајкл Џексон на Парис пред смртта?

Парис Џексон во една прилика открила важен совет којшто го добила од својот татко и планира да го почитува истиот.

„Никогаш не заборавај“, ѝ рекол тој.

Со тага Парис повеќе пати зборувала за односот којшто го имала со Мајкл.

„Доколку утре умрам, секогаш сеќавај се што сум ти кажал“, со тага се присетила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг