Поранешната девојка на популарниот музичар работела како проститутка за неговиот колега – поради неа „завојувале“ – ова се деталите

Точка

28/03/2024

21:45

8.903

Големина на фонт

а а а

Поранешната девојка на популарниот пејач се спомнува во тужбата против Пи Диди што дополнително го расветлува конфликтот меѓу нив.

Се дознаа нови детали за озлогласениот музички могул во чија куќа во понеделникот бил извршен претрес.

Засега слушнавме огласување на неговите адвокати и видовме како раскошната вила изгледа после рацијата, додека на површина се појавија и контроверзни приказни од неговото минато, поврзани со Џастин Бибер и Ашер.


Што откриваат новите детали од обвинението кое во 2023 година против него го поднел музичкиот продуцент Родни Џонс?

Во тужбата се наведува дека поранешната девојка на Фифти Сент, Дафни Џој со која има 11-годишен син, работела како сексуална работничка за Пи Диди.

Фифти Сент наводно на социјалната мрежа Х, после рацијата во домот на Пи Диди во Мајами и Лос Анџелес, напишал: „Сега не е – Диди направи го тоа, Диди е готов, тие не доаѓаат туку-така освен ако не постои случај“.

Обвиненијата биле изложени во тужбата на 73 страници кои ги поднел Родни Џонс, еден од поранешните продуценти на Пи Диди којшто тврди дека Деди со години го злоставувал и допирал без негова дозвола.


Вели дека наредено му било да врбува проститутки и да има секс со нив поради задоволството на Пи Диди. Тврди дека на домашните забави на раперот имало малолетнички и сексуални работнички и дека видел дека Деди им ставал дрога во пијалаците.

Според неговите зборови и него Пи Диди го дрогирал во февруари минатата година, а потоа се разбудил гол, со вртоглавица и збунет во кревет со раперот и две проститутки.


„Јанг Мајами, Џејд и Дафни Џој добивале месечен надомест да работат како сексуални работнички за господин Комбс“, пишува „Daily Mail“.

Конфликтот на Пи Диди и Фифти Сент

Паф Деди и Фифти Сент се во конфликт со години, а во 2006 година Фифти Сент објавил песна во која вели дека Комбс знае кој во 1996 година го убил раперот Биги Смолс.


Комбс во 2010 година изјавил дека неговиот колега шири лаги од омраза, а во декември Фифти Сент порачал дека снима документарец за обвиненијата за сексуално злоставување против Комбс чиј адвокат порачал дека немало оправдување за демонстрација на силите на имотот на Паф Деди.

„Приходот од овој документарец ќе биде наменет за жртвите на сексуалните напади и силување“, било кажано.




Спонзорирани линкови

Маркетинг