Баерн Минхен го обезбеди првото место во групата А во Лигата на шампионите, но бундеслигашот нема намера да се откаже од бодови и добар резултат од пресметката со Манчестер Јунајтед која пак е од исклучително значење за премиерлигашот, поточно да се биде или не со оглед на позицијата на табелата.
Баварците доаѓаат на „Олд Трафорд“ по дебаклот со Ајнтрахт Франфурт, но и Јунајтед немаше викенд за паметење со оглед на тоа што загуби од Борнмут со 3-0 во својот дом.
Меѓутоа притисокот е на страната на домаќините и тоа може да биде проблем особено ако на другата страна имате играч како Хари Кејн кој сезонава веќе има 22 гола зад своето име и кој според тренерот Томас Тухел е подготвен да се престави во најдобро светло пред неговите сонародници.
- Да, за него 100 проценти. Тој е победник – тој е шампион. Убаво е да се вратиш во Англија и на Олд Трафорд. Мислам дека на Хари ќе му се допадне и со нетрпение го очекува. Хари е врвен професионалец и фантастичен човек кој многу добро се прилагоди на животот во Германија. Животот во Минхен е добар живот. Минхен е безбеден град – прекрасен град. Имаме многу природа и многу терени за голф за кога Хари ќе има слободно време. И сите зборуваат англиски, што е добро за него, тоа многу му помага, - истакна Тухел.