Манчестер Сити ја прекина серијата на лоши резултати и тоа со славје над Лутон од 2-1, победа до која дојде со пресврт во второто полувреме.
Клубот од „Итихад“ беше четири натпревари без триумф во Премиер лигата, освои само три бода од вкупно дванаесет и тоа беше доволно да се испратат коментари, критики дека клубот е во криза и дека е готово, поточно дека ќе биде многу тешко да бидат конкурентни за пехарот во оваа сезона.
Ова секако допира до „граѓаните“, па менаџерот Пеп Гвардиола имаше што да им порача на критичарите.
- Начинот на кој игравме оваа сезона беше добар во повеќето натпревари. Се обидувам да го анализирам тоа, но ни беше потребно Бернардо да ја испрати топката во голот – тоа ни беше потребно. Тие се бореа како секогаш. Ова беше важно за самодовербата. Луѓето велат дека е готово, но ние сакаме да покажаме дека не се право и да веруваме дека сезоната не е завршена. Дали ќе бидеме таму? Зависи од нас и како ќе настапиме.
- Не треба да докажат за што се способни, извонредна група играчи. Но, генерално, тоа е нормално. Сити не е ист, готово е. Нека ни докажат дека грешиме. Да докажеме дека сакаме да бидеме таму, - порача Шпанецот.
Сити со 33 бода е на 4. место во ПЛ, нареден ривал во ова натпреварување им е Кристал Палас.