(Фото) Виктор Киплагат од Кенија е победник на Скопскиот маратон, Дарио Ивановски го освои третото место

Макфакс

01/10/2023

12:42

3.361

Големина на фонт

а а а

Виктор Киплагат од Кенија е победник на Скопскиот маратон, пред неговиот сонародник Чериот Лабан, додека третопласиран низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.

Киплагат патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на Скопскиот маратон. Зад него заврши неговиот сонародник, Чериот Лабан, додека пак третото место му припадна на нашиот Дарио Ивановски.


Ивановски маратонот го истрча со време од 02:19:08 часа, а тоа не беше доволно за да обезбеди норма за ОИ во Париз. Сепак, го урна државниот рекорд кој му припаѓаше на Трпе Мартиновски.

Кај дамите првопласирана беше Рут Матебо, која запиша време од 2:44:17 часа, од македонските претставнички на четвртото место се најде Билјана Кираџиева која оствари време од 03:15:17 часа.


Во полумаратонот во машка конкуренција подиумот му припадна на Бен Фелтон од Велика Британија, зад него беше Велимир Бојовиќ, додека Леонид Вандевски заврши на третото место.

Кај дамите, победничка во полумаратон беше Поп Арсова со време од 1:21:19 часа.





Спонзорирани линкови

Маркетинг