(Фото) Се сеќавате ли на згодниот асистент на Рејчел од „Пријатели“: Еве како изгледа денес

Точка

27/09/2023

13:59

3.892

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на култната серија „Пријатели“ добро се сеќаваат на згодниот асистент на Рејчел, Таг Џонс, со кој имаше кратка врска. Имено, Рејчел атрактивниот 24-годишник го ангажираше поради неговиот изглед, а по кратката врска, му раскина на нејзиниот 30-ти роденден кога ќе сфати дека тој е премлад за неа.

Ликот на згодниот асистент го отелотворил актерот Еди Кејхил, кој остварил успешна актерска кариера по улогата во „Пријатели“. Во серијата „CSI: NY“ се појавил во улогата на детективот Дон Флек, а потоа се приклучил на актерската екипа на серијата „NCIS: New Orleans“ во улогата на Еди Барет.


Инаку, овој 45-годишен актер од Њујорк својата актерска кариера ја започнал во театар, а за неговата телевизиска кариера е заслужна добро позната актерка од хит-серија.

Првиот ТВ настап го имал во култна серија

Првото појавување на актерот на ТВ екраните било во култната серија „Сексот и градот“. Имено, Сара Џесика Паркер го забележала во претстава на Оф-Бродвеј и му понудила улога во серијата.

Тој се појавил во четвртата епизода од третата сезона како бисексуалното момче на Кери, Шон, а глумел и во хит сериите „Фелисити“ и „Закон и ред“.


Што се однесува до неговиот приватен живот, девојки, жал ни е, но актерот од 2009 година е во среќен брак со уметницата Ники, со која го има синот Хенри.




Спонзорирани линкови

Маркетинг