(Видео) Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња

Дерби

27/09/2023

12:05

2.500

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен оствари рутинска победа над Минстер во германскиот фудбалски куп, но неговите навивачи уште еднаш јасно протестираа поради одлуката на федерацијата за терминот на овој натпревар.

Сите останати екипи го започнаа настапот во купот во викендот во кој Баерн го играше Суперкуп дуелот со РБ Лајпциг, а тоа не им се допаѓа на фановите на германскиот првак, кои решиле да го искажат незадоволството со симболичен протест.

Вчера го прекинале дуелот со Минстер на неколку минути, уфрлувајќи околу 200 тениски топчиња на теренот, па на домаќините им било потребно време за да го расчистат теренот.

– Не за Суперкуп за време на куп викенд, – стоело на транспарентот на фановите на Баерн, кои не сакаат промени во традицијата во најмасовното натпреварување.

Германските медиуми пренесуваат дека на теренот биле уфрлени 185 тениски топчиња, а за секое од нив гостите ќе платат казна од 350 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг