Викторија Бекам позирала во малку поразлично издание од она на кое нејзините фанови навикнале, па добила бројни комплименти на социјалните мрежи.
Имено, во полза на компанијата за својата нова линија парфеми, Викторија позирала во градник од чипка и ги истакнала своите раце. Таа на себе имала и нагласен шминка, чипка на лицето, а косата ѝ бил собрана.
„Ја обожувам оваа фотографија“, „Очигледно вредело напорното тренирање“, „Ти си една од најубавите жени на светот“, „Какво тело, феноменална си“, биле само дел од коментарите.
Викторија и Дејвид неодамна го најавиле документарецот „Beckham“ којшто наскоро ќе биде објавен на „Netflix“. Инаку, тие двајца се запознале на хуманитарен фудбалски натпревар во текот на 1997 година.
„Одев на натпревари само за да го видам“, изјавила Викторија, а Дејвид спомнал дека му се допаднала штом ја запознал.
Тие со своите деца минатиот месец отпатувале во Хрватска за да уживаат во текот на нивниот семеен одмор.
Дејвид со пријателите на социјалните мрежи ги споделил и специјалитети во кои уживал во еден ресторан покрај Дубровник, па посебно го пофалил главниот готвач со којшто и се фотографирал.