Повикал нацист на говорот на Зеленски: Канадската влада бара оставка од претседателот на парламентот

Точка

26/09/2023

20:18

2.539

Големина на фонт

а а а

Владата на канадскиот премиер Џастин Трудо го повика претседателот на канадскиот парламент Ентони Рота да поднесе оставка поради тоа што го повикал човекот кој се борел во нацистичка воена единица во текот на Втората светска војна да присуствува на говорот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Непосредно откако претседателот Зеленски се обратил до парламентот во петокот, канадските пратеници со овации го поздравиле Јарослав Хунка кога претседателот го насочил вниманието кон него. Рота го претставил Хунка како воен херој кој се борел за Првата украинска дивизија.

Првата украинска дивизија била позната и како „Вафен-СС“ дивизија Галиција, или СС 14. Вафен дивизија, доброволна единица под команда на нацистите.


Рота подоцна денеска ќе се состане со партиските лидери на партиите од Долниот дом. Две опозициски партии го повикале Рота да поднесе оставка.

Министерката за надворешни работи Мелани Џоли исто така го повикала Рота да даде оставка.

Министерот за здравство Марк Холанд го нарекол целиот инцидент „неверојатно срамен“.


Центарот за проучување на холокаустот „Пријателите на Симон Визентал“ исто така го повикал Рота да се повлече од функцијата.

Во своето извинување во неделата, Рота рекол дека само тој е одговорен за повикувањето на Хунка, кој е од округот кој Рота го претставува.


Канцеларијата на претседателот во понеделникот соопштила дека синот на Рота го контактирал Хунка, за да види дали е можно да присуствува на говорот на Зеленски.

Во Москва, портпаролот на Кремљ рекол дека е „нечуено“ што Хунка добил овации во текот на посетата на Отава.

Рускиот претседател Владимир Путин своите непријатели во Украина ги претставил како „неонацисти“, иако Зеленски е Евреин чии роднини биле убиени во холокаустот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг