Националната мрежа против хомофобија и трансфобија го најавува овогодишното издание на „Скопје Прајд“, кое ќе се одржи на 24 јуни 2023 година -сабота, под мотото „Гласни и горди“.
Почетната точка на Парадата ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.
Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк, која ќе се одвива од 20:30 до 01:00 часот.