Розите моментално цветаат и штета е да не ја искористите нивната моќ и раскош, па можеме да ги консумираме во текот на цела година.
Токму затоа треба да направите домашен ликер од рози кој ќе ве освои со својот вкус. Имено, се препорачува розите да бидат домашни, добро да мирисаат, особено оние постарите кои се наоѓаат во дворовите.
- 300 грама мед;
- 300 грама рози;
- 1 литар ракија;
- 5 децилитри вода.
Во зовриена вода додадете мед, а кога ќе се стопи садот тргнете го од оган. Додадете ги розите и покријте го садот.
По 10 минути исцедете ја течноста низ газа, па додадете ја ракијата. Розите можете да ги чувате малку повеќе, доколку сакате поинтензивен мирис. Добро затворете го садот и чувајте го на темно место околу еден месец.