Научници од Оксфорд: Оставањето на цигарите може да го подобри менталното здравје

Точка

08/06/2023

14:15

10.295

Големина на фонт

а а а

Оставањето на цигарите за многу пушачи најпрво значи борба против зависноста која ја предизвикува никотинот, присутен во цигарите. Но, помислата за оставање на цигарите може да предизвика грижи за тоа ќе изгледа животот без пушење.

„Уверувањето дека цигарите смируваат е широко распространето, а некои медицински експерти ги одвикнуваат луѓето со нарушено ментално здравје од цигари“, велат истражувачите од универзитетот Оксфорд и Бат, чиј труд кон крајот на мај е објавен во списанието „JAMA Network“.


„Оставањето на цигарите може да го подобри менталното здравје“

Нивното откритие дека оставањето на цигарите може да го подобри менталното здравје би требало дополнително да ги охрабри пушачите кои сакаат да се ослободат од таа навика, но се загрижени поради потенцијалните негативни последици.

„Престанувањето со пушење се поврзува со значајни подобрувања при анксиозност и депресија меѓу луѓето кои имаат и немаат психички нарушувања“, забележала истражувачката група откако го спровела истражувањето на повеќе од 4.200 луѓе во 16 земји.


За многумина може да е тешко да ја напуштат рутината како излегување од канцеларија поради неколку цигари и разговори во текот на денот или неколку релаксирачки вечерни вовлекувања пред спиење. „На загриженоста околу влошување на менталното здравје по оставањето на цигарите често упатуваат клиничари и пушачи“, рекле научниците.

Меѓутоа, таа загриженост не би требало никого да обесхрабри, сметаат авторите на истражувањето.

Учесниците во истражувањето биле пушачи со психички нарушувања и без нив

„Оставањето на цигарите се поврзува со намален ризик од смртност и подобрен квалитет на животот на било која возраст, при што нашата анализа придонесува за доказите дека исто така го подобрува менталното здравје“, рекле тие.

Учесниците во истражувањето биле пушачи со психички нарушувања и без нив. Истражувањето ги проучувало ефектите од апстиненција меѓу 9 и 24 недели меѓу луѓе кои се мотивирани да престанат, но кои пушеле 10 или повеќе цигари дневно во текот на минатите години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг