Кардиолог советува да ги исфрлите од исхраната: 4 намирници кои сите ги јадеме, а негативно влијаат на здравјето на нашето срце

Точка

08/06/2023

11:16

18.794

Големина на фонт

а а а

Познато е дека срцето е витален орган и дека грижата за него бара паметен избор на животен стил – редовно вежбање и правилна исхрана.

Многу работи можат да помогнат да го зачувате своето срце здраво, но една од наједноставните промени во начинот на живот која ќе има корист за вашето срце е да внимавате што јадете.

Како што пишува „Thrillist“ ова се четири намирници кои негативно влијаат на здравјето на срцето.

1. Помфрит


Ниту една пржена храна не е всушност здрава за срцето затоа што секоја има вишок ниво на заситени и трансмасти. Од овие пржени задоволства помфритот се истакнува како најлош.

„Тоа е како да сте зеле парче чист јаглехидрат, а потоа сте го испржиле и добро сте го посолиле“, вели д-р Џеф Едртон.

2. Преработено месо


Преработеното месо нема добра репутација меѓу кардиолозите затоа што таа категорија на храна (која вклучува сланина, шунка и колбаси) го зголемува ризикот од застој на срцето. Но, спротивно од мислењето, д-р Џеф вели дека сланината не е најлоша намирница во категоријата, а поради поголемиот удел на заситени масти најлош е колбасот.

3. Црвено месо


Црвеното месо има значајна количина на холестерол и заситени масти. Иако не спаѓа во црвено месо, свинското месо исто така е вид на месо кое не треба често да го јадете.

4. Пица


„Кората од пицата е богата со јаглехидрати и натриум, а во зависност од кашкавалот има и многу масти и натриум“, вели д-р Џеф Едртон.

Според неговите зборови, постојат и поздрави опции на пици, па пожелно е да се одлучите за една таква.




Спонзорирани линкови

Маркетинг