Се огласи Путин за уништувањето на браната Каховка: Варварско злосторство, еколошка и хуманитарна катастрофа

Точка

07/06/2023

21:02

3.676

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган нападот на ХЕ Каховка го нарекол „варварско злосторство“ кое довело до еколошка и хуманитарна катастрофа од големи размери.

Путин нагласил дека Киев, на предлог на Западот, продолжува да ја заострува ситуацијата и користи терористички средства, се наведува во соопштението на Кремљ, пренесува „TASS“.

Се додава дека двајцата лидери се согласиле да одржуваат редовна комуникација.


Се наведува дека рускиот претседател повторно му ја честитал на Ердоган победата на претседателските избори. Од турското претседателство претходно беше соопштено дека Ердоган му предложил на Путин формирање на комисија за истрага за уништувањето на браната.

Истиот предлог, турскиот претседател го изнел и во телефонски разговор со украинскиот колега Володимир Зеленски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг