Во рамките на проектот Say and DO Green „Кажи и направи зелен“, финансиран од Western Balkans Fund и EU, поставени се табли во центарот на Скопје – плоштад Македонија, каде граѓаните имаат можност да кажат што би направиле да ја заштитат животната средина и спречат климатски промени.
Проектот има за цел да им даде глас на ставовите на граѓаните во Албанија, Северна Македонија и Црна Гора и да овозможи подобро разбирање на подготвеноста на граѓаните да дејствуваат за животната средина, како и на нивното знаење за можностите да делуваат во заштитата на животната средина и климатските промени.
Со анализата на заедничките граѓански изрази за акции во трите земји ќе се развијат конкретни и регионални акции со цел да се стимулира понатамошната регионална соработка и заложби во оваа бласт. Кажи и направи зелен – Sau and DO Green ќе биде изјава за бренд што ќе ги инспирира луѓето од целиот регион да поддржат и да дејствуваат за животната средина и климатските промени.
Главните цели на проектот:
· Да ги поттикне граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови и да преземаат конкретни активности за заштита на животната средина и спречување на климатските промени;
· Да се промовира отворен дијалог меѓу засегнатите страни на Албанија, Северна Македонија и Црна Гора за подобрување на животната средина и климата, како еден од столбовите на одржливиот развој.
Предлог проектот се спроведува од страна на три партнерски невладините организации СЕДА од Албанија, како лидер на проектот, Еколошка мрежа од Црна Гора и НВО - Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатски промени (IPECC).
Таблите во центарот на Скопје ќе бидат поставени до петок 14.04.2023, при што граѓаните ќе можат да напишат за својата спремност да дејствуваат во заштитата на животната средина и климатските промени на социјалните мрежи на Фејсбук и Инстаграм.