Некои од нив ќе ве изненадат: Позитивни страни од секојдневното консумирање бадеми

Точка

30/03/2023

12:24

6.413

Големина на фонт

а а а

Јадењето јаткасти плодови има безброј здравствени придобивки, а во продолжение ви пренесуваме четири позитивни страни од јадењето бадеми секој ден.

Научниците откриваат дека честото консумирање јаткасти плодови е поврзано со помал ризик од развој на хипертензија, кардиоваскуларни болести, па дури и рак.

Влијае на развојот на бебето

Докажано е дека бадемите можат да ја зголемат активноста на мозокот. Многу е важно да се консумираат бадеми за време на бременоста. Децата чии мајки јаделе бадеми за време на бременоста постигнале подобри резултати на тестовите за интелигенција.


Го намалува холестеролот и делува на дијабетес

Пациентите кои страдаат од дијабетес тип 2 доживуваат подобрување во нивната физичка состојба доколку секојдневно консумираат бадеми. Бадемите помагаат во прочистување на артериите и намалување на холестеролот. Исто така, со консумирање на бадеми придонесувате за намалување на нивото на шеќер во крвта.

Помага во закрепнување по породувањето

Бадемите често им се препорачуваат на жените по породувањето за побрзо закрепнување и спречување појава на стрии.


Намалување на акни

Бадемот е традиционален лек на Блискиот Исток, кој се покажува како научно докажан.

Бадемите се преполни со витамин Е, кој е антиоксиданс кој може да ви помогне да ги излечите акните и да ја подмладите кожата. Консумирајте бадеми ако сакате вашата кожа да биде здрава и без акни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг