(Фото) Место на кое животот запре пред 37 години: „Градот на духови“ на кој единствено само природата му пркосела, а денешните сцени се како од хорор-филм

Точка

30/03/2023

11:49

2.442

Големина на фонт

а а а

Пред 37 години Чернобил го снајде најголемата нуклеарна катастрофа, а еве како изгледа денес.

Чернобилската трагедија и натаму е најголемата технолошка катастрофа во историјата на човештвото. Експлозијата која се случи во 4-та погонска единица во нуклеарната електрана довела до испуштање на радиоактивни супстанции.


Радиоактивните супстанции биле присутни во 400 пати поголема количина од што било случај кога атомска бомба била фрлена во Хирошима во 1945 година, пишува „BBC“.

Процените биле дека бројот на жртвите е различен, но тоа што се знае е дека настрадале голем број на луѓе додека последиците ги почувствувале многумина.

По моќната радијација, животот во оваа област е невозможен, а сè до 2011 година областа била целосно затворена за било каква посета.


Зоната на исклучување на електраната на Чернобил сега е единствена туристичка атракција, а пред две години серијата „Чернобил“ ја актуализираше приказната и дополнително привлече туристи на местото кое „спиеше“ со децении.

На фотографиите од Чернобил денес, има рушевини, се препознаваат остатоци од некогашни напуштени куќи, игралишта на кои останале заборавени кукли, канцеларии со врамени фотографии од важни луѓе од тоа време, луна-парк на кој како тркалото да е запрено во движење... Сè потсетува на град на духови!


Сè станало пусто, со текот на годините ништо не се сменило затоа што сè е недопрено. Меѓутоа, природата како да сака да покаже дека ништо помоќно од неа не постои, додека годините само поминуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг