Фустан прекриен со стотици кристали и сандали кои жените ги обожуваат: Стајлингот на Џенифер Анистон го освои Лос Анџелес

Точка

30/03/2023

09:04

6.895

Големина на фонт

а а а

Џенифер Анистон изгледала неверојатно на премиерата на својот најнов филм „Murder Mystery 2“ во Лос Анџелес.

Познатата актерка Џенифер Анистон (54), важи за една од најзгодните кои светот некогаш ги имал. Таа се грижи за својот изглед, а од неа никогаш не се очекува ништо помалку од совршенство кога станува збор за стајлингот.


Уште еднаш ја оправдала титулата една од најубаво облечените жени меѓу познатите ѕвезди. Џенифер пред неколку дена блескала на премиерата на филмот во Лос Анџелес појавувајќи се во сребрен, мрежест мини-фустан којшто ги истакнал нејзините прекрасни нозе.

Добитничката на Златен глобус не отстапувала од својата веќе препознатлива боја на коса и фризура која била брановидна.

Во филмот таа повторно глумела заедно со својот колега Адам Сендлер (56) којшто исто така бил присутен на настанот со својата сопруга Џеки Сендлер (48).


Џенифер овојпат ги истакнала своите затегнати нозе и раце во прекрасен, сребрен, мрежест мини-фустан со детали од бисери. Во впечатливото модно парче украсено со кристали секоја жена би можела да биде забележана.

Ѕвездата на „Friends“ цела комбинација ја надополнила со пар прекрасни, сребрени сандали кои го откривале францускиот маникир на стапалата.


Што се однесува до шминката, убавицата се одлучила за малку кармин, маскара и руменило во боја на кожа. Од накит носела само два едноставни прстени.

Таа била фотографирана додека позирала на црвениот тепих, под рака со Сендлер којшто изгледал поопуштено.


Тој носел дебел дуксер со качулка, кремасти панталони и сини патики. Под неговиот дуксер, „ѕиркала“ впечатливо розово-сина кошула.

Ви се допаѓа ли стајлингот на Џенифер Анистон?



Спонзорирани линкови

Маркетинг