„Се прашувате ли што доаѓа по смртта?“ Направиле симулатор на смрт, но многумина не издржале до крај

Точка

29/03/2023

21:36

12.346

Големина на фонт

а а а

„Симулаторот на смрт“ покажува како е да се умре, а оние кои го тестирале биле вознемирени поради чувството на паника и анксиозност. Симулацијата е толку вознемирувачка што постои персонал кој „ве спасува“ кога ви е премногу.

Дали некогаш сте се запрашале што се случува кога умирате – сега тоа можете да го дознаете благодарение на необичната „VR“ симулација која ви овозможува да се соочите со „искуство на блиска смрт“ – но многумина велат дека тоа им предизвикува паника.

Што се случува кога ќе умреме е прашање кое ги збунува и најголемите мислители откако постои светот. Сега еден уметник направил изложба која покажува каква е смртта – иако некои кои ова го искусиле предупредуваат дека може да предизвика анксиозност.

Уметникот Шон Гладвел создал изложба со име „Passing Electrical Storms“ која ги води учесниците преку симулација на деескалација на животот, од срцев застој до мозочна смрт. Од вас се бара да легнете на лажен болнички кревет и да се споите на монитор за отчукување на срцето.

Симулацијата е толку вознемирувачка што постои персонал кој „ве спасува“ кога ви е премногу. Маркус Крук, жител на Мелбурн кои исто така има изложба на фестивалот, објаснил какво е всушност „VR“ смртното искуство.

„Гледам дека многумина велат дека предизвикува анксиозност и паника. Тоа е дефинитивно на границата … Тоа што се случува е лежите, креветот вибрира … лекарите доаѓаат до вас и се обидуваат да ве оживеат, но тоа не успева. Потоа лебдиш покрај нив и тоа оди понатаму …“, опишува Крук.

Ова искуство со виртуелна реалност е дел од „Melbourne Now“, голем културен фестивал во Австралија на кој учествуваат повеќе од 200 уметници. Трае до август, и можете лично да го тестирате, пишува „Mirror“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг