(Видео) Пукна доводен цевковод на ХЕЦ Врбен, водата се излева низ карпите: Екипи на ЕСМ работат на санирање на оштетениот дел од каналот

Точка

30/09/2022

11:24

2.839

Големина на фонт

а а а

Вистински хаос се случува во општината Маврово и Ростуше, каде утрово пукнал доводен цевковод на ХЕЦ Врбен, кој е во надлежност на ЕСМ.

Хидроцентралата Врбен е сместена во близина на селото Врбен и е дел од ХС Маврово, заедно со ХЕЦ Вруток и ХЕЦ Равен, сите на реката Радика.

 Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) потврдуваат за оштетувањата на дел од каналот.

„На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случила појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот. Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до ХЕЦ Врбен“, велат од ЕСМ, пренесува „МКД“.

ХЕЦ Врбен е најоддалечена од трите хидроелектрани на системот и истата претставува проточна хидроелектрана. Таа има два струјотвори и вкупна инсталирана моќност од 12,8 мегавати. Инсталираниот проток на хидроелектричните постројки изнесува 4,6 м3/сек., додека бруто-висинскиот пад на нивото на водата изнесува 193 м.



Спонзорирани линкови

Маркетинг