Интервју со организаторите на Weekend Media Festival: „Викенд е најважниот регионален настан во секоја индустрија“

Точка

10/09/2022

22:02

153.051

Големина на фонт

а а а

Многу домашни и странски реномирани личности од различни области и индустрии како што се медиумите, односите со јавноста, ИТ, музиката, економијата и иновациите, и оваа година ќе ја збогатат возбудливата атмосфера на најголемата регионална конференција Викенд медија фестивал-от (Weekend Media Festival).

Јубилејниот Викенд.15 се одржува од 22-ри до 25-ти септември под слоганот #samodođi, во просториите на старата фабрика за тутун во Ровињ.

За очекувањата од фестивалот, неговата важност за Ровињ, често контроверзните теми и планови за иднината на фестивалот разговаравме со Томо Рицов, директор на фестивалот и програмата, Борис Ковачек, извршен директор и продуцент на фестивалот, Невена Рендели Вејзовиќ, раководител за комуникации на фестивалот и со Божо Скоко и Марија Петровиќ, експерти за односи со јавноста од агенцијата која учествува во организацијата на Фестивалот.

Се ближи јубилејното 15-то издание на добро познатиот Викенд медија фестивал (Weekend Media Festival). Како би ги споредиле почетоците на Викенд со она што е денес?

Томо Рицов: На некој начин се доста слични. Истата идеја на која се засноваше првиот Викенд важи и денес: интересни луѓе на првобитната локација разговараат за важни социјални теми и се дружат во опуштена атмосфера.

Викенд медија фестивал-от се смета за традиционален настан со причина. Што всушност претставува Викенд медија фестивал за Ровињ, а што Ровињ за Викенд?

Божо Скоко: Ова е одличен пример за ко-брендирање. Викенд е нераскинлив дел од идентитетот и туристичката понуда на Ровињ, особено во пост-сезоната, а од друга страна, овој прекрасен град како една од најуспешните хрватски туристички дестинации е дополнителен магнет за нашите гости да одлучат да искористат последен летен викенд на море. Наши претставници се Адрис Груп, кои ја препознаа вредноста на еден ваков проект, го поддржаа од самиот почеток и секоја година вложуваат дополнителни напори да бидат одлични домаќини на сите нас.

Борис Ковачек: Ровињ и Викенд се сложуваа многу добро од самиот почеток, а убавината на градот и ангажманот на сите негови граѓани беа клучни за успехот на нашиот проект. За повеќето наши гости, Викенд е крај на летото и почеток на „сериозниот“ дел од годината, а Ровињ е идеална локација за крајот на сезоната. Во исто време, Ровињ стана познат како конгресна и фестивалска дестинација токму поради Викенд, кој беше првиот голем настан после деведесеттите. Сето ова не би било возможно доколку сите ние немаме иста филозофија и пристап кон работата, што е извонредност во сите сегменти. Можам да кажам дека во Ровињ се чувствуваме како дома.

Викенд често отвора одредени контроверзни теми. Какви интригантни содржини не’ очекуваат?

Томо Рицов: Култура на откажување, Мосад, Веб 3.0., Метаверзум.

Невена Рендели Вејзовиќ: Еден од панелите се вика „Дали ги водиме битките на нашите баби?“, кој ги доведува во прашање трендовите кои се повеќе се присутни на Запад и се однесуваат на правата на жените. Пресудата Ро против Вејд предизвика бројни контроверзии во САД, како и случајот со Мирела Чавајда кај нас, сето тоа се теми кои бараат да се запрашаме што носи новиот конзервативен бран што доаѓа и какви ќе бидат последиците. Меѓу интересните предавачи, би сакала да ја истакнам и Гада Вали, првата Арапка која зборуваше во седиштето на УНЕСКО, а Форбс ја вклучи на листата „30 под 30“.

Која е тајната на долговечноста на овој вид на настан и што, според Вас, привлекува најмногу посетители кои постојано се враќаат во Ровињ?

Томо Рицов: Феноменалната атмосфера и одличното вмрежување.

Марио Петровиќ: Секој Викенд е различен од минатогодишниот, а токму разновидноста на содржините и миксот од различни области и индустрии како гастрономија, музика, маркетинг, ИТ, психологија и спорт е она што ја краси најголемата регионална конференција, која секоја година собира се’ повеќе експерти, како од домашниот така и од меѓународниот пазар. Атрактивноста на Фестивалот секако лежи во тоа што е настан кој на учесниците им овозможува одлично деловно вмрежување, а со тоа и можности за личен и професионален развој.

Борис Ковачек: Не отстапуваме од основната идеја и филозофија на фестивалот и секоја година одиме понатаму коригирајќи ги сите недостатоци што ги забележуваме во продукцијата. Извонредноста на сите сегменти на програмата и продукцијата станаа репер за сите слични проекти во регионот и ние не се откажуваме од тоа.

Со оглед на тоа што Викенд е уникатен бренд во светот на комуникациите, медиумите и ПР-от, што го прави најсилно да се истакне на регионалната сцена?

Божо Скоко: Викенд се роди како одлична идеја, а од година во година неговата сила растеше. Најдобрите промотори беа задоволните гости и учесници. Нивното воодушевување од предавачите и забавата, инспирацијата за идеи и проекти, свесноста за новите трендови, задоволството од средбите со колегите од Хрватска и регионот, беа најдобрата гаранција дека повторно ќе дојдат и ќе поканат други колеги и пријатели. Од друга страна, она што на стартот изгледаше невозможно се претвори во гаранција за успех. А тоа е дека на едно место собравме експерти од маркетинг и ПР индустријата, новинари и претставници на медиумите, луѓе од креативната индустрија, културата и бизнисот. Пазарот почна да ги брише границите и да создава синергија меѓу сите овие области, а ние тоа го препознавме и се обидовме да понудиме инспирација, но и конкретни одговори на сите прашањата што се поставуваат.

Марио Петровиќ: Викенд е пресек на извонредна забава, инспиративни панели и запознавање нови луѓе - всушност, сето она што несомнено нè мотивира и нè поттикнува да дејствуваме проактивно, без оглед на индустријата во која се наоѓаме. Затоа, не е чудно што овој фестивал, како најголем медиумски настан на подрачјето на ЈИ Европа, доминира во светот на настаните, за што најдобро говори силниот одзив на врвни експерти и амбициозни учесници.

Невена Рендели Вејзовиќ: Вмрежувањето што го носи Викенд е од непроценливо значење за сите комуникациски и медиумски експерти како на домашната, така и на регионалната сцена. Главните играчи на оваа сцена на Викенд доаѓаат веќе 15 години, а сега и нивните деца.

Томо Рицов: Викенд е најважниот регионален настан во секоја индустрија.

Како може Викенд дополнително да ја зајакне креативната индустрија на иднината?

Божо Скоко: Клучот е во тоа, да не ги следиме само трендовите и ги презентираме во Ровињ, туку, со оглед на брзото живеење во денешницата, успешно да ги предвидуваме новите трендови и можности, и нудиме одговори на нив. Креативната индустрија има светла иднина, како што можеме да видиме од растот на бројките на ниво на Европската унија. Потребна е само визија, имагинација, енергија, вмрежување со светот и успехот е загарантиран! Дотолку повеќе што Хрватска и овој дел од Европа, односно нашите креативни потенцијали се неоткриени. А светот е заситен од многу работи кои се слични. Се бара нешто ново и оригинално, автентично... А ние можеме да го понудиме.

Марио Петровиќ: Нема успех и резултати без упорни, вешти и креативни умови - ова е ставот на Викенд, но и на креативната индустрија, која денес не може и не смее да се потпира исклучиво на автоматизација и роботика, како што прават многумина во денешно време. Наша заедничка задача е да инвестираме во претприемништвото и во иновациите на различни таленти и да поттикнуваме размислување надвор од рамката. Тоа е единствениот пат до посветла иднина по кој Викенд храбро продолжува да галопира.

Томо Рицов: Дефинитивно со квалитетна содржина. Доаѓањето на Голден Драм (Golden Drum) е исто така чекор во вистинската насока.

Борис Ковачек: Нашата цел е гостите да го напуштат Викенд инспирирани. Ако се земе предвид дека ова го правиме 15 години и дека секоја година низ фестивалот поминувале по пет до десет илјади гости, со едноставна пресметка се доаѓа до над 100.000 инспирирани и среќни луѓе кои ќе влијаат на своите колеги, соработници и на индустриите во кои тие работат.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг