Елеганцијата е нејзиното второ име: Кралицата Летиција во темносин миди фустан со голи рамена

Точка

05/07/2022

19:48

18.053

Големина на фонт

а а а

Шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе Шести заедно со ќерките Леонор и Софија присуствувале на доделувањето на наградите на Фондацијата „Принцезата од Џирона“ во Барселона, која има за цел да промовира и поттикне иницијативи во областа на научните истражувања, уметничката креативност и солидарноста.

Бидејќи престолонаследничката Леонор од минатото лето студира во Велика Британија, ова била една од ретките прилики да се види шпанското кралско семејство на едно место.


Кралицата, која е позната како една од најдобро облечените дами во Европа, по повод настанот носела елегантен темносин миди фустан со потпис на брендот „Boüret“.

Станува збор за модел наречен „Luna Diamante“ кој има асиметричен и необичен крој. Фустанот има лабав горен дел кој го открива едното рамо, а преку него е сошиена сребрена лента со светкави детали. Струкот е нагласен, а тоалетата од колковите паѓа рамно, давајќи лелеавост при движењето.


Шпанската кралица ја надополнила креацијата со „Magrit“ чанта во сина боја и салонки со отворена пета во слична нијанса со потпис на креаторката Каролина Херера.

Косата ја подигнала во висок и богат реп, со што до израз дошле нејзините „Chanel“ обетки во форма на ѕвезди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг