[ФОТО] Длабоко деколте и необичен изрез: Дуа Липа ги привлекла сите погледи на забава во Њујорк

Точка

26/04/2024

09:02

7.638

Големина на фонт

а а а

Дуа Липа присуствувала на синоќешната „Time100“ гала во Њујорк, на која ги привлекла погледите во креација на „Chanel“ со необичен изрез.

28-годишната британска кантавторка заблескала во фустан со потпис на „Chanel“ направен по мера.


Белиот фустан од тантела бил извезен со кристали и цветни детали. Изгледот на Липа бил инспириран од изданието од колекцијата „Métiers d'art“ на модната куќа за 2023/24.

Креацијата се карактеризирала со длабок V-изрез и црна панделка под деколтето која го откривала папокот со мал необичен изрез.


Липа носела и неколку отмени дијамантски прстени, како и блескав ѓердан. Нејзината црвена коса била обликувана во нежни кадрици, а изгледот го комплетирала со едноставна шминка.


Пејачката е прогласена за една од највлијателните луѓе на „Time 100“ листата за 2024 година во пресрет на објавувањето на нејзиниот трет студиски албум, „Radical Optimism“. Таа досега има издадено три синглови од ова издание, „Houdini“, „Training Season“ и „Illusion“.

Дуа Липа, исто така, неодамна дебитираше како актерка во филмот „Barbie“ од 2023 година, а оваа година се појави во акционата комедија „Argyle“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг