Квентин Тарантино доби второ дете со 20 години помладата сопруга Даниела Пик

Точка

05/07/2022

20:44

8.082

Големина на фонт

а а а

Култниот американски режисер Квентин Тарантино доби второ дете со 20 години помладата сопруга, пејачката Даниела Пик, која во саботата роди девојче.

„Даниела и Квентин Тарантино со задоволство соопштуваат дека Даниела на 2 јули 2022 година го роди нивното девојче, помладата сестричка на Лео, нивното прво дете“, изјави претставник на парот за „People“ во понеделникот.


Во февруари се појави веста дека 59-годишниот Тарантино чека второ дете со 38-годишната пејачка. Парот покрај новороденото девојче го има и 2-годишниот син Лео, кој се роди во февруари 2020 година.

Режисерот во емисијата на Џими Кимел откри како го избрале името за нивното момче.

„Луѓето претпоставуваат дека го нареков по Леонардо Ди Каприо“, објасни режисерот за време на гостувањето во јуни 2021 година.

„Нема ништо лошо во тоа, но не беше така. Името го доби по дедото на мојата сопруга, но и затоа што во нашите срца беше нашиот мал лав“, објасни тој.

Даниела Пик е ќерка на израелскиот пејач и текстописец Звика Пик, а парот се запознал во 2009 година кога режисерот го претстави „Inglourious Basterds“ во Израел. Тие се верија во 2017 година, а се венчаа во ноември 2018 година во Лос Анџелес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг