На премиерите брилира, а приватно? Вака најмладата модна икона во историјата се облекува кога не ги очекува папарацо фотографите

Точка

22/01/2022

14:40

20.458

Големина на фонт

а а а

Секојпат кога Зендаја ќе зачекори покрај фото-репортерите, уредниците на модните магазини со задоволство го коментираат нејзиниот изглед.

Меѓутоа, знаете ли какви модни комбинации актерката носи кога не очекува дека ќе ја фотографираат?

Американската актерка Зендаја Колман (25), очигледно изминатите години непрекинато е во центар на внимание.


По промовирањето на новите филмови во кои глуми, во текот на јавните појавувања таа благодарение на стилистот Лоу Роуч го одземаше здивот во елегантните и несекојдневни модни изданија кои ѝ ја донесоа титулата модна икона.

Зендаја е најмладата жена во историјата на која Советот на модните дизајнери на Америка официјално ѝ ја врачи наградата за модна икона, на доделувањето на наградите CFDA Fashion Awards пред неколку месеци.


Меѓутоа, иако имаме чувство дека секојдневно ја гледаме Зендаја, сепак таа успешно се крие од папарацо фотографите на улиците во Лос Анџелес.

Пред неколку денови сепак, фотографите ја фотографирале на улиците на Лос Анџелес, а модната комбинација на Зендаја, иако е составена од парчиња кои се тренд, сепак не е авангардна и возбудлива како што сме навикнале да ја гледаме.


Актерката носела широк кожен капут со макси должина чии широки и ретро ракави биле покриени со црно вештачко крзно, носела и маслинести панталони со широки ногавици и бели „џорданки“ со впечатливи детали.


Ваквиот стил одлично се вклопил со нејзината црвена коса, а Зендаја постојано носела заштитна маска. Може да се воочи дека на лицето нема ниту грам шминка.


И модните икони заслужуваат ден за одмор, зар не?




Спонзорирани линкови

Маркетинг