Новогодишен Точка специјал! По што ќе ја паметат 2021 нашите познати лица: „90 дена на море“, „Македонија на Европско“, „Конечно се оженив“...

Точка

31/12/2021

19:09

18.411

Големина на фонт

а а а

31-ви декември, 2021-ва година. Датум кој означува некаков крај, или датум кој барем за момент ќе нè наврати неколку месеци наназад, за да ги сумираме сите работи што нѝ се случиле.

Токму тоа го направивме со неколку познати личности од нашата јавна сцена, кои ги навративме во најубавите работи што им се случиле годинава, по што ќе ја паметат.

Миа Костова, Тијана Скулиќ, Антониа Гиговска, Влатко Лозаноски, Стефан и Мартин од Некст тајм, Павле Камилоски, Лара Иванова, Васил Зафирчев, Марко Новески и Панчо од ДНК се гостите во новогодишниот Точка специјал.

Некој годината ќе ја памети по 90 дена поминати на море во Албанија, друг по тоа што 'конечно' се оженил, трет по тоа што Македонија беше на Европско првенство. Дел од нив 2021-ва ќе ја паметат по своите музички проекти кои оставија белег на домашната сцена.

Еден од нив, пак, вели дека оваа година му била како споена со претходната, поради ограничувањата за настапи низ кои поминаа музичарите. Но, на крајот од денот, секој од овие познати личности има по нешто убаво што му ја одбележало 2021-ва година.

Ѕвездите во овој новогодишен специјал на самиот крај имаат новогодишна честитка упатена токму до вас - публиката на Точка.

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

Автор: Цеце Николова     Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk